top of page

ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО НЕКОИ БИЗНИСИ ИМААТ ПОГОЛЕМ УСПЕХ ОД ДРУГИ


Дали вашиот бизнис е еден од оние кои сеуште немаат свое корпоративно или промотивно видео? Ако одговорот на ова прашање е „да“, тогаш вашиот бизнис е чекор назад во споредба со останатите конкурентни бизниси кои веќе применуваат видео маркетинг стратегии. Во овој блог ќе пишуваме за предностите на оние бизниси кои имаат добра видео маркетинг стратегија и зошто вие треба да ја имате.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, конкуренција, конкуренти, победи ја конкуренцијата

Постојат многу причини поради кои на вашиот бизнис му е потребно видео. Во изминатите неколку блогови размислувавме за тоа како видеата се посоодветни за вкусот на клиентите во споредба со текстовите. Пишувавме и за тоа дека видеата помагаат во интернет пребарливоста на вашиот бизнис, како и за тоа дека видеата ви помагаат да го презентирате вашиот бренд на креативен начин пред пошироката јавност.

Постои уште една многу важна причина зошто е важно сериозно да размислите за развивање на видео маркетинг стратегија.



БИЗНИСИТЕ КОИ ЈА ПРЕПОЗНАВААТ ПОТРЕБАТА ОД ВИДЕО МАРКЕТИНГ


Големите и познати брендови ја препознаваат потребата за видео маркетинг и затоа нивните видео реклами се постојано присутни на телевизијата и интернетот. Без разлика дали станува за компании од автомобилската, прехрамбената, текстилната, транспортната индустрија и сл., една од причините зошто големите компании се успешни е затоа што знаат како да се поврзат со нивните клиенти.


Претпоставувам дека ќе ви биде тешко да се сетите на некој голем и познат бренд кој не користи видео за да се рекламира. Тоа е така бидејќи познатите брендови ја разбираат потребата за поврзување со (потенцијалните) клиенти, и затоа им го нудат тоа што најмногу го буди нивниот интерес - видеото.


Но, тоа што треба да го имаме на ум е дека видео маркетингот не е својствен само со големите компании кои имаат милионски буџети за таа намена. Во денешно време, една од причините зошто голем број бизниси немаат свое видео и испланирана видео маркетинг стратегија е затоа што голем дел од нив не ја разбираат важноста на истата, а не затоа што таа би чинела премногу (за тоа ќе пишуваме повеќе во некој од следните блогови).



ВАШИТЕ КОНКУРЕНТИ ПРИМЕНУВААТ ВИДЕО МАРКЕТИНГ?


Речиси секој бизнис има конкуренција во други бизниси кои ги нудат истите или слични производи/услуги, по исти или слични цени. Една од многуте причини зошто некои бизниси успеваат повеќе, а ги нудат речиси истите производи по речиси исти цени како другите, е затоа што покрај другото тие имаат добра видео маркетинг стратегија.


Истражувањето направено од страна на маркетинг компанијата Wyzowl покажува многу позитивни резултати во полза на оние бизниси кои имаат видео маркетинг. Заклучокот е дека бизнисите кои имаат испланирана видео маркетинг стратегија генерално гледано многу побрзо растат и многу повеќе ги продаваат своите производи и услуги во споредба со оние кои не обрнуваат внимание на видео маркетингот.


Што тоа значи за вас и вашите конкуренти? Ако вашите конкуренти имаат видео, тие им го нудат на потенцијалните клиенти тоа што вие не им го нудите, односно тие веќе работат на подигнување на свесноста за нивниот бренд, и најверојатно го освојуваат пазарот. На вас останува дали ќе седите и гледате, или ќе направите нешто во врска со тоа.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, конкуренција, конкуренти, победи ја конкуренцијата

Застанете за момент и сетете се на тоа кои се вашите конкуренти на пазарот, и колку од тие бизниси имаат видео маркетинг. Не е важно дали нивните производи и услуги се полоши или подобри од вашите, туку дали ги рекламираат истите користејќи видео. Ако одговорот барем за неколку од нив е „да“, тогаш тие се чекор пред вас, и би било добро да преземете нешто во врска со тоа.


Затоа е корисно да размислувате за добра видео маркетинг стратегија која ќе ви помогне да бидете во чекор со дигиталните маркетинг трендови. Секој бизнис кој е ваша конкуренција на пазарот и има видео е бизнис кој има предност пред вас во начинот на кој ги досегнува целната група на потрошувачи која ви е заедничка.



ВАШИТЕ КОНКУРЕНТИ НЕ ПРИМЕНУВААТ ВИДЕО МАРКЕТИНГ?


Од друга страна, можеби вашите конкуренти немаат видео маркетинг стратегија. Ако тоа е така, тогаш тоа е добра вест за вас. Тоа е одлична можност за вие да бидете први во вашата индустрија, и да го направите првиот чекор во креирање и применување видео маркетинг стратегија.


Ако вашите конкуренти се уште не користат видео, вашата видео содржина која би ја објавиле онлајн ќе ви помогне да се одвоите од нив. Со тоа ќе им помогнете на клиентите да ве запознаат подобро и да видат кои се производите/услугите кои ги нудите. Сево ова ви се зголемува шансите да ја победите конкуренцијата која се уште не ја препознава важноста и вредноста на видео маркетингот.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, конкуренција, конкуренти, победи ја конкуренцијата

Затоа, направете го првиот чекор, пред вашите конкуренти да го сторат тоа! Планирањето и применувањето на добра видео маркетинг стратегија ќе ви помогне да имате предност пред останатите бизниси кои ја немаат истата. Тоа е така бидејќи како што покажуваат горенаведените истражувања вие сте се потрудиле да се поврзете со клиентите на начин кој е најсоодветен за нивниот вкус.



ЗА КРАЈ


Видео маркетингот е еден од најсовремените дигитални средства преку кои голем дел од бизнисите се промовираат. Ако вашиот бизнис е во чекор со современите дигитални трендови, тоа значи дека е во чекор со конкуренцијата која веќе го прави тоа, или е чекор напред пред конкуренцијата која се уште не го прави тоа.


Затоа, доколку вашиот бизнис се уште нема видео маркетинг стратегија, а сакате истиот да напредува, време е сериозно да размислувате и да преземете нешто во таа насока. Доколку го сторите тоа, многу се големи шансите дека со тек на време ќе видите како таквиот чекор значително ќе влијае врз растот на вашиот бизнис.



тагови



26 views

Comments


bottom of page