top of page

КОЛКУ ДОЛГО ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШЕТО ВИДЕО НА ЈУ ТЈУБ, ТИК ТОК ИЛИ ТВИТЕР?


Видеата се една од клучните алатки во промовирањето на производите и услугите кои вашиот бизнис ги нуди на пазарот. За разлика од минатото, денес живееме во свет во кој сопствениците на бизниси релативно лесно можат да снимат видео во кое ќе го прикажат квалитетот на производите и услугите кои ги нудат пред пошироката јавност.


Можеби вие сте еден од оние сопственици на бизнис кои имаат отворено профили на познатите социјални мрежи токму за таа цел, да го промовирате вашите производи и услуги пред интернет корисниците. За да го сторите тоа можете да користите неколку типови на видеа (нешто за кое пишувавме во последните два блогови).


Но, за да бидат успешно прифатени од корисниците на социјалните мрежи, вашите видеа треба да запазат некои стандарди. Покрај квалитетот на снимките, еден од најважните аспекти на кои треба да обрнете внимане е времетраењето на видеата.


За времетраењето на видеата кои се постираат на социјалните медиуми, во најголем број случаеви важат правилата „колку пократко - толку подобро“ и „квалитетот е поважен од квантитетот“. Со други зборови, тоа значи дека во контекст на интернет светот и социјалните медиуми, тоа што е важно е да имате квалитетни, но кратки и јасни видеа. Тоа е така бидејќи распонот на внимание на корисниците на социјалните медиуми не е многу долг.


Според најновите истражувања, секоја интернет социјална платформа има оптимална (најдобра и најефективна) должина на видеа која треба да биде запазена доколку сакате да ги досегнете корисниците на истата.



YOUTUBE


Долги години наназад YouTube е најпосетената видео платформа во интернет светот. Не само тоа, туку е и втор најголем пребрувач на интернет (веднаш зад Google). Со други зборови, тоа значи дека ако на некој интернет корисник му се потребни информации за било што, прво ќе побара помош од Google, а потоа од YouTube.


Токму тоа е една од причините зошто треба сериозно да размислите да започнете ваш YouTube канал за вашиот бизнис или организација. YouTube е платформа на која можете да ги промовирате своите производи/услуги пред пошироката јавност, а ако имате буџет, истите можете и да ги рекламирате.


Но, прашањето во контекст на главната тема на овој блог е: колку долги треба да бидат вашите видеа на YouTube за да се прифатливи за поголемиот дел од публиката која ја користи оваа интернет платформа? Одговорот може да зависи од тоа каков тип на видео сакате да постирате, но сепак има некои генерални правила.


Како и со многу други платформи, така и YouTube ви нуди опција да објавувате долги видеа (дури до 12 часа!). Но, според некои маркетинг експерти, добро е да за најголемиот број видеа да се држите некаде во границата помеѓу две и три минути. Како и кај останатите платформи, причината за тоа е распонот на вниманието на корисниците.


Но, во зависност од типот на видеото, нема да згрешите ако некогаш постирате и видеа кои се долги отприлика 10 минути. Сепак, ако имате порака која сакате да ја пренесете, обидете се да го сторите тоа во 2-3 минути, бидејќи YouTube корисниците полесно ќе се одлучат да ви дадат 2-3, отколку 10-тина минути од своето време.



ТВИТЕР


Иако станува збор за платформа која во најголем дел се користи за споделување на текст, сепак споделувањето на слики и видеа на Твитер не изостанува. Важното нешто што треба да го имате на ум е тоа дека за разлика од другите познати платформи за кои размислуваме во овој блог, Твитер има многу поголеми огрничувања во однос на тоа колкава може да биде должината на тоа што ќе го споделите.


Моментално, лимитот за видеа на Твитер е 2 минути и 20 секунди. Но, според некои маркетинг експерти, кога објавувате видеа на Твитер, добро е да бидат пократки од една минута. Конкретно, маркетинг експертите од Vimeo, Influencer Marketing Hub и Hurrdat Marketing, препорачуваат вашите Твитер видеа да бидат меѓу 43 и 45 секунди.


Доколку можете вашата порака да ја пренесете во толку краток временски период - сторете го тоа! Но, доколку имате потреба да објавување подолго видео, сепак можете да го користите Твитер за да објавите пократка верзија која би била еден вид на teaser за подолгото видео. Се разбира, во такви услови ќе треба да обезбедите и линк до оригиналното (подолго) видео.



ТИКТОК


Несомнено, ТикТок е најбрзо растечката платформа за споделување видеа во последните неколку години. Се поголем број млади луѓе креираат профили на ТикТок, што значи дека ако имате производ или услуга (или порака) кои сакате да ги претставите пред младата публика - треба да седнете и да направите стратегија за користење на ТикТок.


Една од главните карактеристики на ТикТок е тоа што видеата кои се споделуваат се релативно кратки. Платформата е осмислена на тој начин што нејзините корисници можат да примат што повеќе информации, од колку што е можно повеќе извори, за релативно кратко време. Со други зборови, ТикТок како платформа е осмислена да биде место каде ќе се споделуваат кратки видеа.


Иако лимитот на времетраењето на видеата на ТикТок може да биде и до 10 минути, ретко кој би ви препорачал да одите до таа граница. Според експертите на Vimeo, видеата на ТикТок треба да бидат со должина од отприлика 9-15 секунди.


Доколку сакате вашите видеа на ТикТок да бидат гледани, потребно ќе биде првите неколку секунди од видеата да бидат многу привлечни. На некој начин, првите 3 секунди од вашите видео се јадицата на која гледачите треба да се фатат. Ако тој дел од видеата не е интересен - сигурно ќе ја загубите публиката која сакате да ја досегнете.



ЗА КРАЈ


Самото тоа што видеата на некои од овие платформи треба да бидат кратки (доколку сакате да бидат гледани) не е нешто кое треба да ве плаши. Баш напротив, ова треба да ја поттикне вашата креативност и да ве охрабри да посветите внимание на квалитетот на видеата (содржината), а не на нивниот квантитет (должината).


Уште еден многу важен совет: кога креирате видеа наменти за социјалните медиуми, направете го тоа на начин на кој корисниците на медиумите ќе можат да ја сфатат вашата порака според визуелниот приказ. Некогаш се наоѓаат во ситуации и околности во кои не е соодветно да користат слушалки или да го зголемат звукот на нивните телефони. Затоа, вашата порака треба да биде јасна не само од слушање на звукот, туку и само од гледање на видеото кое го постирате.



тагови


68 views
bottom of page