top of page

ПРОЦЕС НА СНИМАЊЕ ВИДЕО (1)


видео, видео маркетинг, видео продукција, бизнис видео, бизнис видеа, промотивно видео, корпоративно видео, фотограф, фотограф за настани, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, promotivno video, korporativno video, fotograf, fotograf za nastani, fotograf za nastani skopje, video production, business video, business videos, promotional video, promo video, coporate video, video production skopje, video production macedonia, photographer, event photographer skopje
© Keagan Henman

Важноста и потребата од видеата во денешниот свет не може да се порекне. Сѐ повеќе бизниси и организации се одлучуваат да инвестираат во снимање професионални промотивни видеа - правејќи го вистинскиот чекор кој ќе им помогне да ги претстават своите производи и услуги пред пошироката јавност.


Доколку вашиот бизнис/организација сѐ уште нема професионално видео во кое се претставени вашите производи/услуги/визија/мисија, можеби е време да размислувате во таа насока. Или можеби веќе размислувате за тој чекор, но не знаете од каде да почнете во имплементирање на идејата. Во овој и следниот блог ќе пишуваме за процесот на снимање професионални видеа низ кој ние како видео продукција минуваме со нашите клиенти. Ако сте сопственик на бизнис кој сака да сними професионално промотивно видео, се надеваме дека овој блог ќе ви помогне да го разберете процесот кој ќе ви помогне во остварување на целта.



ИДЕЈА


Првиот чекор во снимањето на видеото секојпат е идејата. Вие како сопственик или менаџер во бизнисот/организацијата треба да имате одредена замисла за каков вид на видео сакате да снимите. Тоа не значи дека треба да ги знаете сите детали од видеото кое сакате да го снимите, но сепак важно е да имате генерална идеја што сакате да постигнете, и со каков вид на видео (промотивно, корпоративно, тестимониал, анимација итн.).


Идеите за видеата можат да дојдат на неколку начини. Ретки се случаите кога сопственик на бизнис има сосема оригинална идеја која никој друг не ја имплементирал претходно, но ако таков е случајот, тоа може да биде голема предност за производот/услугата кои сакате да ги рекламирате.


Најчесто идеите за видеа доаѓаат од други видеа кои се веќе снимени. Неретко се случува сопственици на бизниси да забележат висококвалитетна и креативна реклама која е снимена од друг бизнис кој дејствува во истата индустрија. Иако нема ништо лошо и погрешно во тоа, сепак добро е на тој концепт да се додаде оригинална идеја која ќе го одвои видеото на вашиот бизнис од сите останати.

БРЕЈНСТОРМИНГ


Тука доаѓаат на сцена вашите колеги, или надворешни соработници кои се експерти во оваа област. Откако ќе се роди примарната идеја за каков тип на видео сакате да снимите за вашиот бизнис, следниот чекор е оној кој не е многу забавен, но сепак мора да се заврши за видеото да изгледа квалитетно, креативно и оригинално.


Вториот чекор е т.н. брејнсторминг, односно процес во кој разменувате идеи со оние кои ќе ви помогнат во оформувањето на идејата за видеото. Многу е важно овој процес да не го поминете сами, туку да дозволите и на други луѓе да го споделат своето мислење. Без разлика колку сте креативни или знаете што сакате, добро е да имате тим кој ќе ви помогне да ги дефинирате деталите.


Доколку сметате дека околу себе немате луѓе кои би можеле да ви помогнат во тоа, секојпат постои опцијата да најмите некој надворешен соработник (content writer), или генералната идеја да ја претставите пред видео продукцијата која ќе ви го сними видеото, и нејзиниот тим да ви помогне во овој чекор.



ПИШУВАЊЕ СКРИПТА


Иако овој чекор не се практикува од секоја видео продукција, сепак е важен дел од процесот на снимањето видео за вашиот бизнис. Откако ќе завршите со споделувањето на идеите и дојдете до конечна верзија за тоа како сакате да изгледа вашето видео, добро е тие идеи да се запишат на ‘парче хартија’.


Скриптата ви помага не само да имате запишано што ќе се снима, но и ви дава отприлика замисла како ќе изгледаат сцените/кадрите од вашето видео и кој ќе биде текот на истото. Без разлика колку добро изгледа замислата за видео во вашата глава, пишувањето скрипта (патем, тоа не треба да го направите вие, туку некој надворешен соработник, или видео продукцијата со која ќе соработувате), ќе ви даде подобра претстава како ќе изгледа видеото. Кога ќе биде готова скриптата за вашето видео, тоа е претпоследниот чекор пред снимањето. Следниот е планирањето датум, локација и статисти кои ќе бидат дел од вашето видео. Откако ќе ги договорите тие детали, следува снимањето и сите негови пропратни процеси. За тоа ќе пишуваме во следниот блог.



тагови


15 views

Comments


bottom of page