top of page

ВИЛА ПРЕСПА - АВТЕНТИЧНО ДОЖИВУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКАТА ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРА

Сакате да ги откриете скриените убавини на Македонија, а немате размислено за локација каде би можеле да го направите тоа? Ако тоа е случајот, прочитајте го овој блог во кој ќе ви понудиме одлична идеја за тоа каде би можеле да го поминете следниот викенд/одмор со вашето семејство или вашите пријатели.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, преспа, вила преспа, преспанско езеро, преспански регион, туризам

Преспанското Езеро е второто најголемо природно езеро во Република Македонија. Иако за жал многу често е во сенка на попознатото Охридско Езеро, сепак Преспанското Езеро има многу што да понуди. Околината околу Преспа е богата со историја и традиција која вреди да се истражи од прва рака. Доколку го немате истражено преспанскиот регион, а би сакале, во овој блог ви нудиме предлог за сместување кое ќе ви помогне на автентичен начин да ја доживеете културата и традицијата на истиот.



ВИЛА ПРЕСПА


Вила Преспа е преубава семејна куќа изградена од цврст камен од локален жител кој поминал години работејќи во странство, a се пензионирал во с. Долно Дупени со сопругата каде водел мирен земјоделски живот. Истата е купена од страна на семејството Јосифовски на почетокот од ковид пандемијата во мај 2020 година.


видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, преспа, вила преспа, преспанско езеро, преспански регион, туризам

Првичната цел за купувањето на куќата била семејството да има место/викендица каде што ќе може да се тргне од гужвата на главниот град и да ужива во чистиот воздух и природата на преспанскиот регион. Но, кога ја започнале реконструкцијата на куќата, семејството сфатило дека покрај семејна викендица, куќата има капацитет и потенцијал да се искористи и на други начини, односно може да се искористи за да им се понуди автентичен престој на посетителите на преспанскиот регион.


Од октомври 2020 година се изврши постепено реновирање на целиот имот, што резултираше со лансирање на 3 гостински единици во октомври 2021 година, а преостанатите неколку соби би требало да се отворат во 2023 година. Најголемиот дел од мебелот и внатрешните украси се локално и рачно изработени, а во текот на целиот процес користени се само локални градежни материјали.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, преспа, вила преспа, преспанско езеро, преспански регион, туризам

Сопствениците на Вила Преспа веруваат дека туристите од новата и од постарата генерација заслужуваат да имаат уникатно животно искуство со престој во живо село какво што е с. Долно Дупени, во Македонија - последната Тера Инкогнита во Европа.

Со престојот во Вила Преспа, гостите ќе бидат подалеку од урбаната џунгла во која живеат, во недопрениот рурален амбиент, каде животот сè уште продолжува како порано, едноставен и природен.

Доколку се одлучите за Вила Преспа, едно е сигурно: ќе уживате! Ќе ужувате во вашиот престој во удобните соби на Вила Преспа, одличната природа, пријателски настроените локални жители и вкусната кујна!

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, преспа, вила преспа, преспанско езеро, преспански регион, туризам

„АЛ ФРЕСКО“ ВО ВИЛА ПРЕСПА

Помеѓу април и октомври 2022 година Вила Преспа воведува „al fresco“ - нов концепт за јадење во Вила Преспа, кој во суштина е приватни поп-ап оброци на отворено што ќе се одржуваат во сабота и недела, со цел да ги зближи луѓето за да ја ценат одлична локална храна и сезонското јадење.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, преспа, вила преспа, преспанско езеро, преспански регион, туризам

Кога гостите ќе пристигнат на приватните оброци, ќе бидат пречекани со лесна закуска и локален сезонски пијалок. Гостите ќе седнат на нивната маса и ќе започне оброк кој се состои од 3 јадења и еден десерт. Храната е поврзана со локални вина од мали сериски производители, избрани од Ивана Симјановска, винска авторка и меѓународен вински судија од Македонија.


СОРАБОТКАТА НА ВИЛА ПРЕСПА СО ЛИНКАКРОС ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА


ЛинкАкрос Видео Продукцијата имаше можност да соработува со сопствениците на Вила Преспа. Соработката се состоеше од снимање и реализирање на промотивно видео, а истата беше овозможена преку проектот GrowBiz. По тој повод, одлучивме да им поставиме неколку прашања за да дознаеме какво е нивното мислење за видео проектот кој ЛАВП го реализираше за потребите на нивниот бизнис.


Дали пред учеството во GrowBiz размислувавте за изработка на професионално промотивно видео? Каква е понудата за овој тип на услуги во Македонија?

Да, размислувавме, и понудата е добра, но е скапа затоа што ни требаа промо видеа за повеќе услуги кои ги нудиме. Outsorcing професионално промотивно видео е нешто кое многу ги подига трошоците за управување на нашиот бизснис. Моментално немаме буџет за да направиме outsorcing со видео продукција, затоа нашиот план оди во насока на in-house продукција (дрон/dslr/мобилен). Се надеваме дека од Јуни 2022 година ќе почнеме со тие активности.

Како би ја оцениле соработката со ЛинкАкрос како НВО, и со ЛинкАкрос Видео Продукција (ЛАВП)?

Одлична! Лесно се разбравме и за планирањето и за реализацијата на видеото. Резултатот е очигледен: феноменално видео од само еден ден снимање.

Дали соработката со ЛАВП, и видеото ги исполни вашите очекувања?

Да, дефенитивно!


Како ви послужи видеото, и дали ви помогна во однос на вашите цели?


Видеото е еден вид на вовед, за гледачот да добие впечаток за Вила Преспа, како и нашиот спектар на услуги и активности. Видеото ни помогна да добиеме позитивни импресии. Преспа како туристички регион е непознат за странската публика, затоа во иднина ќе ни бидат потребна уште повеќе квалитетна видео содржина од локации/активности/особености од Преспа кои ќе треба да ги комуницираме на различни целни пазари. Како и да е, првиот чекор со видеото го направивме со ЛинкАкрос Видео Продукцијата, и со ова видео се постави висок стандард за кој ќе ни треба време да го достигнеме.



Видеото кое ЛинкАкрос Видео Продукцијата го направи за Вила Преспа:



Доколку сакате да стапите во контакт со сопствениците на Вила Преспа, можете тоа да го направите преку:


Веб страна: https://villaprespa.com/



тагови


138 views

留言


bottom of page