Имате одличен производ, услуга или порака кои сакате да ги претставите пред интернет корисниците кои би биле заинтересирани да слушнат и видат што имате да кажете/понудите. Но, дали сте размислиле кој е најдобриот начин да ја досегнете вашата публика?
Можеби сте презеле конкретни маркетиншки чекори, но не сте го постигнале посакуваниот резултат:
Сте ја дефинирале својата целна група
Сте објавиле статус(и) на социјалните мрежи
Сте објавиле повеќе слики и објаснувања за вашиот производ/услгуга, итн.
Убедени сте дека вашиот производ или услуга кои ги нудите имаат супер квалитет, но сепак вашиот фејсбук статус не ги убеди другите во тоа. Што би можела да биде причината за тоа? Една од многуте причини може да биде следната: вашите (потенцијални) потрошувачи повеќе сакаат да гледаат видеа, отколку да читаат текстови.
ПОПУЛАРНОСТА НА ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ
Еве неколку интересни статистички податоци поврзани со видеата:
видеата добиваат 1,200% повеќе споделувања на интернет во споредба со текстовите;
корисниците трошат 88% повеќе време на веб страни на кои има видео во споредба со оние на кои нема видео;
истражувањата покажуваат дека кога луѓето гледаат видео, можат да запомнат дури и до 95% од пораката на видеото, во споредба со читањето текст;
за 27 пати е зголемена веројатноста дека некој ќе кликне на реклама која има видео, во споредба со онаа на која има текст или само слика; и сл.
Еве една статистика (која е резултат на истражување) која сликовито ја објаснува популарноста и важноста на видеото кај клиентите, во споредба со другите средства за пренесување порака:
Очигледно е: видеото ужива огромна популарност помеѓу корисниците на интернет! Резултатите од сите овие статистики и истражувања се такви какви што се, затоа што видеото е алатка која е далеку помоќна во пренесувањето на одредена порака во споредба со сите останати средства.
Кога луѓето 'скролаат' на фејсбук или на одредена веб страна, многу често се задржуваат гледајќи ги видеата кои се објавени. Тоа е така бидејќи нашите очи се чувствителни на движење, и затоа движењата кои ги има во видеото на природен начин го привлекуваат нивното внимание.
Кога интернет корисниците би имале избор пред себе, дали да читаат текст кој сте го објавиле, или да гледаат видео од вашиот конкурент - во најголем број случаеви тие ќе се одлучат за видеото на вашиот конкурент. Иако само по себе не е погрешно да се користи текст кога сакате да пренесете некаква порака на интернет, сепак и истражувањата, и реалноста покажуваат дека преку видеата вашата порака се пренесува на начин кој е посоодветен за вкусот на интернет корисниците.
ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ ВО СВОЈА ПОЛЗА
Видеата се одлична алатка за пренесување на порака, без разлика дали станува збор за одреден производ или услуга на вашиот бизнис или цел која вашата организација сака да ја постигне. Живееме во време во кое видеото не е нешто кое што би можеле да го имате, туку нешто кое мора да го имате, доколку сакате вашиот бизнис или организација да напредуваат.
Голем број бизниси и организации се свесни за ефективноста на видео маркетингот и работат на тоа да ја искористат во своја полза. Доколку сакате да ја зголемите популарноста за вашиот бренд на интернет, и со својот производ, услуга и порака да досегнете поголем број луѓе, видеото ви е неопходно.
Видео маркетингот ја има речиси секоја предност во споредба со користењето текст за пренесување одредена порака, и затоа вреди да се вложува во него. Видеото е далеку попримамливо во споредба со текстот, пораките пренесени преку видео подобро се паметат од оние пренесени преку текст.
Исто така, преку видеото, користејќи го тонот на вашиот глас, говорот на вашето тело и останати визуелни помагала, ќе можете на покреативен и поентузијастичен начин да го приближите својот бренд до интернет корисниците. Затоа, доколку сакате другите не само да го забележат, туку и да го запомнат вашиот бренд - користете видео!
Постојат и други причини зошто видеото е важно за вашиот бизнис или организација. За повеќе информации поврзани со оваа тема, ќе пишуваме во следните блогови.
(Втор дел)
тагови
Comentarios