top of page

КАКО ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ ИМ ПОМАГА НА КЛИЕНТИТЕ ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА?

Кои се факторите кои влијаат врз одлуката на клиентите да купат одреден производ или услуга? Што е тоа што можете да го направите како бизнис за да им ја олесните на клиентите одлуката и да ги привлечете кон вашиот производ или услуга? Покрај квалитетот на вашиот производ/услуга, видео маркетингот е уште еден многу важен момент на кој би било добро да обрнете внимание.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, потрошувачи, клиенти, потенцијални клиенти

Со почетокот на ковид пандемијата, сѐ повеќе потрошувачи почнаа да пазаруваат онлајн. Некои бизниси беа подготвени за тоа и релативно добро се снајдоа во целата ситуација. Други пак, пропаднаа или едвај преживуваат. Оние бизниси кои имаа воспоставено онлајн присуство беа на некој начин подготвени за пандемијата, а останатите допрва се приспособуваа на новонастанатата ситуација. Но, дури и да сте дел од втората група бизниси, не е предоцна за да направите промена.



ШТО САКААТ КЛИЕНТИТЕ?


Факт е дека за потрошувачите да се одлучат за одреден производ или услуга, потребно е истиот да биде со добар квалитет и да биде навремено испорачан. Но, за тие да бидат убедени дека производот или услугата се со добар квалитет, вие треба да се потрудите да им го објасните тоа. Има неколку начини да им го објасните производот/услугата на потенцијалните клиенти: слика, текст, презентација, статистика, брошура, и сл. Но, како што видовме во првиот наш блог, истражувањата покажуваат дека речиси 70% од потрошувачите би сакале да дознаат за некој нов производ/услуга преку видео.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, потрошувачи, клиенти, потенцијални клиенти

Примената е многу јасна: ако сакате да им покажете на потрошувачите нешто, направете го тоа преку видео. Живееме во време во кое видеото не се користи само за забава, туку и за информирање. Затоа, доколку сакате да ги информирате на начин кој е најсоодветен за нив, ќе треба да користите видео. Потрошувачите им веруваат на оние бизниси кои се потрудиле својата порака да ја искомуницираат со нив на начин кој е по нивни вкус.



КАКО ВИДЕАТА ИМ ПОМАГААТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?


Видеото е комбинација на визуелна содржина составена од движења, глас, говор на тело, демонстрација и музика која го задоволува апетитот на гледачите. Видеата им помагаат на потрошувачите да се поврзат со вас, вашата приказна, но и да се запознаат со начинот на кој вие можете да го подобрите квалитетот на нивните животи.


Доколку сето тоа е спакувано на креативен и квалитетен начин, ќе ги зголеми шансите за одговор од нивна страна. Токму тоа е вашата цел со вашето интернет присуство зарем не?


Потрошувачите најчесто користат/пребаруваат видеа за три причини:

  • да донесат одлука кој конкретен производ да го купат

  • да споредат различни брендови кои нудат слични производи

  • да видат како користењето на конкретниот производ изгледа во секојдневни ситуации

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, потрошувачи, клиенти, потенцијални клиенти

Но, видеата можат да имаат и уште една важна примена кога станува збор за досегнувањето клиенти. Иако некои од нив знаат каков производ им е потребен, има и такви интернет корисници кои ненеопходно се на интернет за да пребаруваат одредени производи, но сепак би биле заинтересирани доколку видат добро и креативно видео од вашиот производ.


Видеата можат да ви помогнат да ги досегнете и таквите потенцијални потрошувачи. Доколку снимите креативни и квалитетни видеа во кои на соодветен начин ги претставувате своите производи и услуги и истите ги објавите на социјалните мрежи големи се шансите да ја досегнете и таа (навидум незаинтересирана) интернет публика.


ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?


Во денешно време бизнисите кои сакаат да опстојат и напредуваат не смеат да си дозволат да немаат видео маркетинг стратегија. Имајќи го на ум сето тоа што досега го кажавме, следен чекор е да почнете со видео маркетинг што побрзо.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, потрошувачи, клиенти, потенцијални клиенти

Доколку светот на видео маркетингот ви е непознат, може може да ни се јавите, затоа што ние сме специјализирани за видео маркетинг услуги во Македонија. Не заборавајте, видео маркетингот е инвестиција која ќе ви го стабилизира бизнисот, и ќе ви овозможи растеж.



тагови


23 views

Kommentarer


bottom of page