top of page

КАКО ВИДЕОТО МУ ПОМАГА НА ВАШИОТ БРЕНД?

„Како да го презентирам својот бизнис пред потенцијални клиенти на начин кој ќе им помогне не само да бидат свесни дека постоиме, туку и да сакаат да соработуваат со нас?“ е прашањето кое секој сопственик на бизнис си го поставил. Има неколку клучни одговори на ова прашање, а во овој блог ќе ви го дадеме еден од најважните.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, брендирање, бренд

Брендирањето е еден од најважните аспекти на вашиот бизнис. Добро е да имате производи и услуги со врвен квалитет; вработени кои се љубезни и одлично си ја вршат работата; брза и организирана достава; креативно лого и одлична идеја како да го подобрите светот преку тоа што го нудите и сл. Но сите овие, а и многу други добри аспекти од бизнисот, речиси ништо не вредат доколку потенцијалните клиенти не се свесни за сето тоа. Еден од најдобрите начини како тие да станат свесни за овие суштински аспекти од вашиот бизнис е преку видео маркетингот, затоа што видеото ви помага на креативен начин да го претставите својот бренд, бидејќи видеото не само што ја кажува, туку и ја покажува вашата приказна.


ШТО Е БРЕНД?

Постојат многу дефиниции во однос на тоа што претставува брендот, но речиси сите дефиниции кои се дадени од експерти имаат едно заедничко, а тоа е дека тие го дефинираат брендот како сет на особини по кои клиентите можат да препознаат еден бизнис и да го разликуваат од останатите бизниси. Брендот е идентитетот на вашиот бизнис, кој покрај другото се состои од:

  • квалитетот на вашите производи

  • љубезниот однос на вашите вработени

  • навремената услуга

  • логото на вашиот бизнис

  • слоганот на вашиот бизнис

  • приказната на вашиот бизнис

  • целта на вашиот бизнис

  • начинот на кој вашиот бизнис придонесува за клиентите да имаат поквалитетен живот

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, брендирање, бренд

Но, не е доволно само да имате добар бренд, туку и другите да бидат свесни за тој бренд. Клиентите сакаат да знаат од кого купуваат и зошто да ве изберат вас наместо вашите конкуренти. Затоа ви е потребно со клиентите да имате одредена комуникација која ќе им помогне не само на информативно, туку и на емотивно ниво да ја сфатат придобивката од соработката со вас. Свесноста за брендот не се однесува само на тоа дека останатите знаат дека одреден бренд постои, туку и кои се нивните мисли и чувства поврзани со тој бренд.



КАКО ДА ГО ПРЕЗЕНТИРАМ МОЈОТ БРЕНД НА ЕФЕКТИВЕН НАЧИН?


Интернет корисниците најмногу сакаат да конзумираат видеа, и затоа е добро да се искористи таа реалност за да им го презентирате на потенцијалните клиенти својот бренд на начинот на кој тие најмногу би сакале да дознаат за него. На видео маркетингот можете да гледате како на еден вид на излог, начин на кој потенцијалните клиенти имаат увид во тоа кои сте, што правите, и што можете да им понудите.


Целта не видео маркетингот не е да го изгради вашиот бренд, туку да го презентира тоа што вие веќе сте го изградиле како бренд (идентитет), односно видеото им помага на другите да видат кои сте, да ја слушнат вашата приказна, да дознаат повеќе за вашите производи и услуги. И најважно од се, видеото им помага на интернет корисниците да дознаат како тоа што вие им го нудите ќе им го подобри животот (доколку вашиот бренд се сведува на тоа кои сте вие и што правите, без притоа да им кажете на клиентите што тие добиваат, сте ја промашиле целта).

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, брендирање, бренд

Истражувањата постојано доаѓаат до ист заклучок, а тоа е дека ниту еден друг медиум не ѝ помага на вашата публика (читај: потенцијални клиенти) да ве идентификува и да се поврзе со вашиот бизнис како што тоа го прави видеото.


За разлика од текстот, сликите и печатените материјали, видеото не само што ја кажува, туку и ја покажува вашата приказна. А ако видеото е креативно и со добар квалитет, оние кои ќе го погледнат не само што ќе го лајкнат, туку и ќе го споделат со своите пријатели на социјалните мрежи. А сето тоа води до зголемување на свесноста за вашиот бренд кај пошироката публика.



ВИДЕО МАРКЕТИНГОТ И ПРОДАЖБАТА


Целта на зголемената свест за одреден бренд не е само другите да знаат дека брендот постои и дека е добар, туку да соработуваат со бизнисот кој го изградил тој бренд. Целта на брендот не е само популарност, туку и остварување продажби.

Затоа, кога размислуваме за одреден бизнис и брендот кој е поврзан со тој бизнис, треба да размислуваме во насока на зголема продажба која се јавува како резултат на брендот кој е презентиран. И токму тоа е целта на видеото: не само да ја зголеми свесноста за вашиот бренд, туку да ја зголеми продажбата на вашите производи и услуги.


Се разбира, тоа не значи веднаш штом ќе снимите квалитетно и креативно видео дека продажбата на вашите производи и услуги преку ноќ ќе се зголеми. Но праксата покажува дека квалитетните и креативни видеа на значителен начин придонесуваат кон таа цел и затоа вреди да инвестирате во видео.

видео продукција, видео, видео маркетинг, снимање реклами, видео реклами, зголемена продажба, брендирање, бренд

ЗА КРАЈ

Ако имате бизнис преку кој нудите квалитетни производи и услуги кои значително ќе им го подобрат животот на потенцијалните клиенти, а истиот нема видео - време е да направите чекор во таа насока. Не заборавајте: колку повеќе луѓето знаат за вашиот бренд, толку се поголеми шансите да соработуваат со вас, а најдобриот начин да дознаат повеќе за вас е преку видео маркетингот. Затоа, не чекајте! Осмелете се и направете чекор во насока на видео маркетингот и помогнете им на вашите (потенцијални) клиенти подобро да ве запознаат, и да дознаат кои се предностите од соработка со вашиот бизнис.



тагови




29 views

Comments


bottom of page