top of page

КОЛКУ ДОЛГО ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШЕТО ВИДЕО НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ?


видео, видео маркетинг, видео продукција, бизнис видео, бизнис видеа, промотивно видео, корпоративно видео, видео маркетинг, фејсбук видео маркетинг, инстаграм видео маркетинг, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, promotivno video, korporativno video, video production, business video, business videos, promotional video, promo video, coporate video, video production skopje, video production macedonia
[сликата е преземена од https://andro4all.com/facebook/instagram-y-facebook-podrian-desaparecer-en-europa]

Видеата се една од клучните алатки во промовирањето на производите и услугите кои вашиот бизнис ги нуди на пазарот. За разлика од минатото, денес живееме во свет во кој сопствениците на бизниси релативно лесно можат да снимат видео во кое ќе го прикажат квалитетот на производите и услугите кои ги нудат пред пошироката јавност.


Но, за да бидат успешно прифатени од корисниците на социјалните мрежи, вашите видеа треба да запазат некои стандарди. Покрај квалитетот на снимките, еден од најважните аспекти на кои треба да обрнете внимане е времетраењето на видеата.


За времетраењето на видеата кои се постираат на социјалните медиуми, во најголем број случаеви важат правилата „колку пократко - толку подобро“ и „квалитетот е поважен од квантитетот“. Со други зборови, тоа значи дека во контекст на интернет светот и социјалните медиуми, тоа што е важно е да имате квалитетни, но кратки и јасни видеа. Тоа е така бидејќи распонот на внимание на корисниците на социјалните медиуми не е многу долг.


Во овој и во следниот блог ќе пишуваме за тоа колку долги би требало да бидат вашите видеа кои се наменети за социјалните медиуми. Постојат неколку познати социјални медиуми кои имаат различни органичувања за видеата кои можете да ги постирате. Но, тоа не значи дека максимално треба да ги искористите тие временски ограничувања.


Според најновите истражувања, секоја интернет социјална платформа има оптимална (најдобра и најефективна) должина на видеа која треба да биде запазена доколку сакате да ги досегнете корисниците на истата.



ФЕЈСБУК


Веќе години наназад, најкористениот социјален медиум помеѓу сите генерации е фејсбук. Иако инстаграм и тикток станаа особено популарни, сепак нивната популарност ненеопходно ја намали онаа на фејсбук. Затоа, особено ако имате намера да ги промовирате вашите производи пред потенцијални клиенти од сите старосни години, најдоброто место каде можете тоа да го направите е фејсбук.


Но, колку долги треба да бидат вашите видеа кои ќе ги споделувате на фејсбук? Што се однесува до самата платформа, имате можност да објавувате видеа кои се долги и до 240 минути. Тоа, се разбира, не значи дека треба да ја искористите можноста и на вашиот фејсбук бизнис профил да објавите видео кое трае 4 часа.


Која е препораката на експертите од фејсбук? Во една нивна статија, препорачуваат бизнисите да ги рекламираат своите производи и услуги со видеа со времетраење до 15 секунди, од кои првите три се најважни бидејќи тогаш или ќе го добиете или ќе го загубите вниманието на поголемиот дел од фејсбук корисниците.


Се разбира, правилото за 15 секунди не важи за буквално секое видео кое би се објавило на фејсбук. Должината на видеа во некои ситуации ќе зависи од типот на видео кое сакате да го објавите. Aко станува збор за видео препорака, видео во кое одговарате најчесто поставувани прашања и сл., можете и треба да објавите видео кое е подолго (не повеќе од 2-3 минути, бидејќи гледаноста на видеата најчесто опаѓа по втората минута).



ИНСТАГРАМ


За разлика од фејсбук, инстаграм е платформа на која поголемиот дел од корисниците се помлади (според Statista над 70% од инстаграм корисниците се на возраст од 13-34 години). Тоа значи дека ако имате производ или услуга кои би сакале да ги претставите и промовирате пред 13-34 годишни корисници на интернет, инстаграм може да е вистинското место каде можете тоа да го направите.


Како и фејсбук, така и инстаграм има одредени ограничувања во однос на тоа колку можат да бидат долги видеата кои ги објавувате. Но, како и кај фејсбук, така и тука важи правилото дека вашите видеа не треба да го достигнат временскиот лимит доколку сакате инстаграм корисниците да ги гледаат вашите видеа докрај.


Иако на инстаграм можете да објавувате видеа со должина од 60 секунди (или подолги користејќи ја IGTV опцијата), експертите од HubSpot сметаат дека најдобрата должина на видеата кои ги објавувате на инстаграм е околу или до 30 секунди. Причината за тоа е речиси иста како и со фејсбук видеата, а тоа е дека инстаграм корисниците сакаат да гледаат кратки видеа, особено кога станува збор за брендови со кои не се запознаени.


ЗА КРАЈ

Самото тоа што видеата на овие платформи треба да бидат кратки доколку сакате да бидат гледани не е нешто кое треба да ве плаши. Баш напротив, ова треба да ја поттикне вашата креативност и да ве охрабри да посветите внимание на квалитетот на видеата (содржината), а не на нивниот квантитет (должината).


Уште еден многу важен совет: кога креирате видеа наменти за социјалните медиуми, направете го тоа на начин на кој корисниците на медиумите ќе можат да ја сфатат вашата порака според визуелниот приказ. Некогаш се наоѓаат во ситуации и околности во кои не е соодветно да користат слушалки или да го зголемат звукот на нивните телефони. Затоа, вашата порака треба да биде јасна не само од слушање на звукот, туку и само од гледање на видеото кое го објавувате.


Во следниот блог ќе пишуваме за должината на видеата на Twitter, TikTok и YouTube.



тагови


17 views
bottom of page