top of page

СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ ДИГИТАЛЕН ФОТОАПАРАТ (ПРВ ДЕЛ)

За љубителите на фотографијата и видеото, купувањето на прв дигитален фотоапарат (голем број од денешните дигитални фотоапарати снимаат и видеа) е посебен момент. Во најголем број случаеви станува збор за тоа дека некоја личност подолг период заработува и штеди пари за да купи фотоапарат кој ќе ѝ помогне да направи професионални слики и/или добри видеа.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, фотографи, канон, никон, сони

Доколку се наоѓате во таква ситуација, во овој и следниот блог ќе ви понудиме неколку важни совети во однос на тоа кои се важните нешта кои треба да ги имате на ум при купувањето на вашиот прв дигитален фотоапарат.



ПАЗАРОТ Е ГОЛЕМ


Ако сте се обиделе да барате дигитални фотоапарати на интернет, сигурно досега сте сфатиле дека понудата на овие производи е голема. На интернет можете да најдете стотици модели од различни брендови: Nikon, Canon, Sony, Panasonic, Fujifilm, итн. Сите овие произведувачи прават одлични дигитални фотоапарати и секој фотоапарат во одредена смисла има свои предности и слабости во споредба со другите.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, фотографи, канон, никон, сони
Сликата е преземена од: https://www.rtings.com/camera/reviews/best/low-light-photography

Првото нешто што треба да го имате на ум е дека кога купувате фотоапарат не можете да го купите најдобриот. Па дури и да го купите оној фотоапарат за кој многумина велат дека е најдобар (иако и тоа е релативно), големи се шансите дека за неколку месеци некоја од горенаведените фирми ќе извади нов модел кој ќе биде подобар од вашиот.


Затоа, кога купувате фотоапарат, не мора да го барате најдобриот, но, важно е да барате и најдете нешто што ќе ви помогне да ја искажете вашата креативност.


Еве неколку нешта кои треба да ги имате на ум при купувањето на вашиот прв дигитален фотоапарат:



ЦЕНА: КОЛКАВ Е ВАШИОТ БУЏЕТ?


Неколку пати ми се случило да разговарам со луѓе кои во разговор ќе ми речат нешто во стилот: „Еј, ти се занимаваш со фотографија и видео, да те прашам нешто. Сакам да купам фотоапарат. Да не е многу скап. Каков би ми препорачал?“ Мојот одговор секогаш бил: „Колку пари имаш на располагање и би сакал/а да потрошиш за фотоапарат?“


При купувањето на фотоапарат ова е едно од првите прашања кои мора да си ги одговорите. Пазарот е преполн со дигитални фотоапарати чии цени варираат, од неколку стотини долари, па се до неколку десетици илјади долари. Но, кој е вашиот буџет? Ако е до 30,000 или до 60,000 денари - тогаш ќе знаете што да барате. Како и со сѐ останато во животот, така и со вложувањето пари во дигитален фотоапарат важи правилото „колку пари - толку музика“. Тоа не значи дека и со релативно евтин фотоапарат нема да можете да направите добри слики (бидејќи главен услов за правење добри слики е креативноста), но реалноста е дека не треба да се очекуваат професионални карактеристики од камера која е направена за почетници.


Размислете, кој е вашиот буџет? Тоа е првото важно прашање кое мора да си го одговорите пред да преминете на карактеристиките на фотоапаратот.



БРЕНД: КОЈ Е НАЈДОБАР?


Откако ќе одлучите колку пари сте подготвени да потрошите на вашиот дигитален фотоапарат, следното нешто за кое треба да размислите е за кој бренд ќе се одлучите. Мислењата се поделени во однос на прашањето „кој бренд е најдобар?“ и затоа во овој блог нема да навлегуваме во таа тема.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, фотографи, канон, никон, сони
Сликата е преземена од: https://fstoppers.com/originals/real-life-comparison-sony-a7r-iii-nikon-z-7-and-canon-eos-r-335726

Наместо тоа прашање, обидете се да одговорите на неколку други практични прашања кои би требало да ви го олеснат изборот на бренд. Пример: доколку имате пријатели кои веќе користат дигитален фотоапарат, кој бренд го поседуваат и користат? Ова е важно затоа што ако имате ист бренд на дигитален фотоапарат како и вашите пријатели, ќе можете да си позајмувате објективи тогаш кога ќе имате потреба од такво нешто.


Друг важен момент во однос на изборот на брендот се цените и изборот на објективи. Ако сакате сериозно да се занимавате со фотографија и видео, тоа подразбира дека во иднина би вложиле финансии во различни видови објективи. Некои брендови имаат поскапи објективи за разлика од други. Исто така, за некои брендови постојат многу повеќе опции на објективи за разлика од други.



СЕНЗОР: ШТО Е ВАЖНО?


Дигиталните фотоапарати имаат различни големини на сензори. Сензорот е оној дел од фотоапаратот кој ја прима светлината која доаѓа преку објективот. Иако има многу нешта кои можат да се кажат за различните видови на сензори, сепак во овој блог ќе се насочиме само кон практичните нешта кои би требало да ве интересираат во однос на купувањето фотоапарат.


Генерално гледано кога станува збор за сензорите важи правилото дека колку е поголем сензорот, толку ќе биде подобар квалитетот на сликата кој го дава апаратот. Тоа е така затоа што колку е поголем сензорот толку е поголема неговата површина и способност да прима светлина.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, фотографи, канон, никон, сони

Како може да знаете колкава е големината на сензорот при изборот на фотоапарат? Во описот на карактеристики ќе наидете на изрази како full-frame, cropped sensor или micro-four third. Full frame е фраза која ви кажува дека фотоапаратот има голем сензор; cropped sensor значи дека сензорот е помал од големиот сензор; a micro-four thirds значи дека сензорот е речиси дупло помал од оној кај full frame.


Иако во голем број случаеви зависи од тоа колкав ви е буџетот за купување фотоапарат, сепак доколку сте во можност секојпат би било добро да целите да купите фотоапарат кој има full frame сензор бидејќи таквиот сензор е еден од факторите кој значително ќе го подобри квалитетот на сликите (и видеата) кои ќе ги правите.



Има и други аспекти на кои би било добро да обрнете внимание кога го купувате вашиот прв фотоапарат. Во следниот блог ќе добиете уште неколку важни совети кои ќе ви помогнат во носењето на оваа важна одлука.



тагови



94 views
bottom of page