Липа е компанија која е формирана во 1994 год. Започнува како мала локална продавница, но во 2004 година сопствениците одлучуваат да започнат со органско земјоделско производство и денес Липа е еден од поглемите производители на разни видови органски производи, претежно сировина, во Македонија.
Произведуваат органски житарици, грав, грозје и луцерка за сточна исхрана. Исто така Липа произведува маџун, разни џемови и брашна и истите може да ги купите на нивната веб страна lipa.com.mk.
Липа нуди и разни видови на услуги за фармерите како селектирање на 125 вида видови семиња, како и пелетирање на луцерка.
Целта на Липа е да произведува и на пазарот да пласира квалитетни земјоделски производи преку примената на одржливи органски пракси.
Во последниве две години Липа извезува органски зеленчуци на партнери (органски фармери) за фирма од Србија која прави мануфактурно производство на ајвар и разни видови на џемови и зимници од зеленчук, произведени за Австрискиот пазар.
Покрај тоа, Липа нуди и уникатни можности за гастрономски туризам за сите љубители на традиционална храна припремена на традиционален начин со природни и нетретирани прозводи: вкусни рецептети на пити, сарма, тавче гравче, полнети пиперки, домашни зелници, мекици, фалафел, хумус, домашно сирење, скара од месо од домашно одгледани животни, како и дегустација на органско вино. Уште една важна услуга која Липа ја нуди, а може да ги заинтересира љубителите на македонската традиционална храна, е подготовката на зимница. Доколку сакате да уживате во вкусна зимница, а немате време (или не знаете како) да ја подготвите истата, Липа ќе го стори тоа за вас!
СОРАБОТКАТА НА ЛИПА СО ЛИНКАКРОС ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА
ЛинкАкрос Видео Продукцијата имаше можност да соработува со сопствениците на Липа. Соработката се состоеше од снимање и реализирање на промотивни видеа (едно за домашен, едно за странски пазар), а истата беше овозможена преку проектот GrowBiz. По тој повод, одлучивме да и поставиме неколку прашања на сопственичката на Липа (Сузана Димитриевска) за да дознаеме какво е нивното мислење за видео проектот кој ЛАВП го реализираше за потребите на нивниот бизнис.
Дали пред учеството во GrowBiz размислувавте за изработка на професионално промотивно видео (или веќе имате изработено)? Каква е понудата за овој тип на услуги во Македонија?
„Пред учеството во Grow Biz ние како Липа не размислувавме за изработка на професионално видео за промоција на нашиот бизнис, но со изработката на видеото ни се отвори нов поширок видик како да го промовираме бизнисот.
Исто така решивме да изработиме и веб страна каде ќе го поставивме нашето видео, а се надеваме дека во иднина ќе инвестираме уште повеќе во вакви професионални видеа.
Понудата на вакви професионални видеа во земјава е речиси невидлива и за нас ова беше исклучителна можност да видиме што значи професионален пристап во изработка на високо квалитетно видео за промоција на бизнисот.“
Како би ја оцениле соработката со ЛинкАкрос како НВО, и со ЛинкАкрос Видео Продукција (ЛАВП)?
„Имавме одлична соработка со Линк Акрос како невладина организација, која исто така има исклучително професионален тим и нуди можност да се добие одлична менторска подршка и можност да се научи многу.
Со нивна помош изработивме одличен план за раст на нашиот бизнис, а со изработката на видеото ја зголемивме видливоста на нашата компанија и добивме можност за пристап до повеќе купувачи на органска храна и сировина, секако и промоција на нашите услуги.“
Дали соработката со ЛАВП, и видеото ги исполни вашите очекувања?
„Да, видеото ги исполни нашите очекувања и како почетно видео одлично ја прикажува нашата компанија.“
Kако ви послужи видеото, и дали ви помогна во однос на вашите цели?
„Го поставивме на нашата веб страна и секако веќе е време да размислуваме за уште видеа вакви професионални кои ќе ги промовираат нашите органски производи и нашите услуги.“
Видеата кои ЛинкАкрос Видео Продукцијата ги изработи за потребите на Липа:
тагови
Opmerkingen