top of page

ПРОЦЕС НА СНИМАЊЕ ВИДЕО (2)

Writer: LinkAcross LinkAcross

видео, видео маркетинг, видео продукција, бизнис видео, бизнис видеа, промотивно видео, корпоративно видео, фотограф, фотограф за настани, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, promotivno video, korporativno video, fotograf, fotograf za nastani, fotograf za nastani skopje, video production, business video, business videos, promotional video, promo video, coporate video, video production skopje, video production macedonia, photographer, event photographer skopje
© Vanilla Bear Films

Важноста и потребата од видеата во денешниот свет не може да се порекне. Сѐ повеќе бизниси и организации се одлучуваат да инвестираат во снимање професионални промотивни видеа - правејќи го вистинскиот чекор кој ќе им помогне да ги претстават своите производи и услуги пред пошироката јавност.


Доколку вашиот бизнис/организација сѐ уште нема професионално видео кое ги претставува вашата мисија и визија, можеби е време да размислувате во таа насока. Или можеби веќе размислувате за тој чекор, но не знаете од каде да почнете во имплементирање на идејата. Во овој, како и во минатиот блог пишуваме за процесот на снимање професионални видеа низ кој ние како видео продукција минуваме со нашите клиенти. Ако сте сопственик на бизнис кој сака да сними професионално промотивно видео, се надеваме дека овие блогови ќе ви помогнат да го разберете процесот кој ќе ви помогне во остварување на целта.



СНИМАЊЕ


Минатиот пат застанавме кај пишувањето скрипта - процес кој не е многу интересен, но на сите кои се вклучени во снимањето видео им помага која е замислата зад сценариото. Откако ќе се заврши пишувањето скрипта, следува еден од најинтересни чекори поврзани со продукцијата на видео, а тоа е снимањето.


Снимањето се одвива на локацијата однапред договорена со видео продукцијата. Ако станува збор за видео во кое сакате да ја покажете вашата продавница/канцеларија/фабрика, добро ќе биде барем еден ден претходно да обрнете внимание на некои непосакувани елементи кои се наоѓаат во просторите кои сакате да ги покажете на видеото. Иако видеото не треба да покаже нереална слика за одредени бизнис простории, сепак важно е да се остави добар впечаток пред потенцијалните клиенти.


Во зависност што е договорено во скриптата, самиот процес на снимање може да бара ваша вклученост (доколку сакате лично да објасните нешто поврзано со вашиот бизнис), или може да бара вклученост од страна на вашите вработени или вашите веќепостоечки клиенти (доколку станува збор за видео во форма на testimonial).


Снимањето е процес чиј успех зависи од многу фактори, а колку повеќе од нив предвидите навреме, толку подобро и полесно ќе помине. Затоа, доколку сакате да избегнете непланирани и непосакувани моменти за време на снимањето, добро е да обрнете внимание на претходните чекори со цел сите очекувања и идеи да бидат добро искомуницирани, и имплементирани.



ОБРАБОТКА


По снимањето доаѓа период на обработка на видеото, чие времетрање може да зависи од тоа колку е долго видеото, кои се вашите барања/очекувања во однос на обработката и сл. Главниот товар за обработката и креативноста секогаш паѓа на видео продукцијата, и секојпат ќе треба да верувате во нивната експертиза.


И покрај тоа, додека да се дојде до крајниот производ (конечната и финална верзија од видеото), потребно ќе биде да го прегледате видеото и да дадете забелешки во однос на неговата содржина. Генерално гледано, видеото не може да биде многу поразлично од тоа што првично било договорено (преку скриптата), но доколку има некои финеси кои можат да се подобрат - искомуницирајте го тоа со тимот на видео продукцијата.

ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА НА ВИДЕОТО


Откако ќе заврши процесот на обработка, ќе го добиете видеото во неговата финална верзија - подготвено да биде споделувано на интернет и социјални медиуми. Со добивањето на финалната верзија од видеото (и се разбира, откако ќе ја исплатите продукцијата за завршената услуга :) ) вашата соработка со видео тимот завршува. Тоа што следи е промоција на видеото - нешто кое можете да го направите самите, или може да најмите надворешен соработник.


Без разлика колку е добро и креативно видеото кое ќе го добиете, нема да имате корист од истото ако не се потрудите да го промовирате на интернет и социјалните медиуми. Ако сакате да постигнете добар ефект, објавете го на вашата веб-страна, фејсбук страна, инстаграм, тик ток, и сл., и на тој начин ќе им дадете на потенцијалните клиенти можност да се запознаат со производите/услугите кои вашиот бизнис ги нуди.



тагови



 
 

Comentários


bottom of page