top of page

„RIVERSIDE HAVEN“ И „HILLSIDE HAVEN“: ДОЖИВЕЈТЕ ЈА МАТКА НА ВИСТИНСКИ НАЧИН!

Кањонот Матка е можеби најубавото место кое можете да го посетите во Скопје и неговата област. Природните богатства во областа Матка оставиле многумина без зборови. Многу често, туристите го посетуваат кањонот Матка само на кратко - неколку часови од денот. Но, за вистински да ја искустите и доживеете Матка потребни ви се барем неколку денови.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven
Сликата е преземена од: https://www.canyonmatka.mk/

Доколку размислувате за таков чекор овој блог ќе ви биде од корист. Во него ќе ви предложиме две многу удобни места во кои би можеле да престојувате во вашиот авантуристички потфат во истражувањето на кањонот Матка, или во вашиот одмор на Матка.

Прочитајте го овој блог докрај, и дознајте зошто би требало да размислите да уживате во удобноста на Riverside Haven и Hillside Haven.



МАТКА


Кањонот Матка е совршено место за одмор во природа. Покрај тоа што можете да одмарате, на кањонот Матка можете да уживате и во други активности како на пример: планинарење, качување карпи, нуркање во подовдна пештера, изнајмување кајак, посетување на манастири и цркви, возење точак на планина, и сл. Едноставно, на кањонот Матка има по нешто за сечиј вкус!

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven
Сликата е преземена од: https://100daysandnights.com/i-hiked-matka-canyon-skopje-north-macedonia/

Истражувањето на кањонот Матка и неговите убавини за еден ден е невозможна мисија. За вистински да го искусите ова неверојатно парче природа потребни ви се неколку денови престој. Добрата вест е тоа што не само што имате каде да престојувате во Матка, туку и има две места кои значително ќе го збогатат вашето искуство.



RIVERSIDE HAVEN


Riverside Haven е двособна куќа која се наоѓа во Долна Матка, на околу 11 километри од центарот на Скопје. Карактеристично за оваа куќа не е само нејзината градба (која е направена од дрво и ѕидарски камен), туку и локацијата: објектот се наоѓа веднаш до реката Матка, а од спротивната страна на истиот се наоѓа голема карпа.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven

Местоположбата на Riverside Haven е уникатна во областа Матка и е една од главните причини зошто би било добро да размислите за ова место како место за сместување при вашата посета на Матка. Доколку сте љубител на природата, Riverside Haven сигурно ќе ви се допадне и нема да ве остави рамнодушни.


Одговорни за објектот се Ерик и Лиса (брачен пар од странски државјани) кои не само што се заљубиле во природата на кањонот, туку со нивното гостопримство и одлучна услуга им помагаат на сите гости и туристи да го доживеат истото.


Покрај сите овие предности, во големиот двор на Riverside Haven има многу зеленило, лежалки, простор и можност за правење семејна скара и сл.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven


HILLSIDE HAVEN


Hillside Haven е уште една одлична опција за сместување за која би било добро да размислите доколку сакате да престојувате во Матка. Станува збор за поголем објект кој што не само што има повеќе видови на сместување (за парови или за семејства), туку располага и со своја кујна, а како дел од самиот објект има и ресторан/кафич.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven

Овој објект е соодветен не само за семејни одмори, туку и за настани во кои учество земаат поголем број на луѓе. Без разлика дали станува збор за одреден семинар или тим билдинг настан, Hillside Haven е одлично место каде да го донесете вашиот тим од работното место на неколку дена за полнење на батериите.

видео продукција, видео маркетинг, видео, видео реклами, промотивно видео, туризам, матка, планинарење, кајак, кањон, кањон матка, rivereside haven, hillside haven, matka, canyon matka, matka skopje

Како и Riverside Haven, така и Hillside Haven е менаџиран од страна на Ерик и Лиса, кои иако се странски државјани сепак ја имаат научено и одлично ја практикуваат македонската гостопримливост.

СОРАБОТКАТА НА RIVERSIDE HAVEN И HILLSIDE HAVEN SO LINKACROSS ВИДЕО ПРОДУКЦИЈАТА


ЛинкАкрос Видео Продукцијата имаше можност да соработува со сопствениците на Riverside Haven и Hillside Haven. Соработката се состоеше од снимање и реализирање на промотивни видеа, а истата беше овозможена преку проектот GrowBiz. По тој повод, одлучивме да им поставиме неколку прашања за да дознаеме какво е нивното мислење за видео проектот кој ЛАВП го реализираше за потребите на нивниот бизнис.


Дали пред учеството во GrowBiz размислувавте за изработка на професионално промотивно видео? Каква е понудата за овој тип на услуги во Македонија?


Пред проектот GrowBiz, размислувавме за да ги презентираме нашите два објекти преку видео, но претпоставуваме дека цената за такво нешто би била навистина голема, а и не знаевме каде да се обратиме за таква услуга.


Како би ја оцениле соработката со ЛинкАкрос како НВО?


Проектот GrowBiz беше совршен за нашите потреби. ЛинкАкрос ги надмина нашите очекувања, давајќи ни практични и конкретни информации, а не само теорија и концепти.


Како би ја оцениле соработката со ЛинкАкрос Видео продукцијата и дали видеото ви помогна во исполнувањето на вашите цели?


Нивото на комуникација беше високо. Сашко беше свесен за нашите потреби, ги прифати и дејствуваше согласно истите. Снимањето одеше добро, и навистина не би можеле да бидеме позадоволни од крајниот производ. Видеата кои ЛинкАкрос Видео Продукцијата ги сними за:


Riverside Haven

 

Hillside Haven


Доколку сакате да стапите во контакт со сопствениците на Riverside Haven и Hillside Haven, можете тоа да го направите преку:




тагови


94 views
bottom of page