top of page

ВИДЕА ЌЕ МУ ПОМОГНАТ НА ВАШИОТ БИЗНИС ДА РАСТЕ


видео, видео маркетинг, видео продукција, бизнис видео, бизнис видеа, промотивно видео, корпоративно видео, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, promotivno video, korporativno video, video production, business video, business videos, promotional video, promo video, coporate video, video production skopje, video production macedonia

Постојат различни типови на видеа кои можат да му помогнат на вашиот бизнис да порасне. Во два од нашите претходни блогови пишувавме за најчестите типови на видеа кои се користат за промоција на производите/услугите/пораките кои бизнисите сакаат да ги претстават пред јавноста (првиот блог може да го прочитате ако кликнете тука, а вториот ако кликнете тука).


Во овој блог нема да пишуваме за тоа какви типови на видеа постојат, туку кои три типови на видеа му се најпотребни на вашиот бизнис на почеток. Со оглед на тоа што сите мали и средни бизниси се ограничени во ресурсите кои можат да ги вложат во снимање професионални видеа, ќе ви дадеме неколку совети во каков тип на видеа да ги насочите вашите ресурси.



КОРПОРАТИВНО ВИДЕО

Корпоративните видеа им помагаат на клиентите (и потенцијалните клиенти) да ја добијат и сфатат големата слика за вашиот бизнис. Нивната цел е да пренесат кратка, но суштински важна порака за тоа што вашиот бизнис го работи, кои се вредностите, визијата и мисијата според кои се води истиот.


Со други зборови, целта на корпоративните видеа е да ја подигне свеста за вашиот бренд, односно нештата по кои вашиот бизнис е уникатен во споредба со сите останати на пазарот. Тоа што треба да го имате на ум е дека во корпоративните видеа не се рекламираат или промовираат одредени производи/услуги, туку самиот бизнис.


Ако со корпоративното видео не се промовираат производите/услугите кои ги нудите, тогаш која е користа од истото? Користа на корпоративното видео не е во продажбата, туку во презентирањето на приказната на вашиот бизнис, што во крајна смисла се разбира дека треба да води кон зголемена продажба. Кога другите ќе ве запознаат - поголеми се шансите да соработуваат со вас. Вие, а можеби и вашите вработени, многу добро ја знаете приказната и вредностите на вашиот бизнис, но немојте да претпоставувате и дека пошироката јавност ја знае. Затоа, ако сакате да ве дознаат - корпоративното видео ќе ви помогне во таа цел.

ПРОМОТИВНО ВИДЕО


За разлика од корпоративното во кое не презентирате производи/услуги, туку само го претставувате вашиот бренд, промотивното видео е средството кое ќе ви помогне да им покажете на потенцијалните клиенти што е тоа што вие им го нудите, а може да им го направи животот полесен, подобар и поквалитетен.


Самото име ви дава до знаење дека со овој тип на видеа, целта е пред пошироката јавност да го промовирате тоа што вашиот бизнис го нуди како производ/услуга.


Која е предноста на промотивното видео во однос на зголемената продажба на вашите производи/услуги? Промотивното видео има за цел да им покаже на потенцијалните клиенти како нивниот живот ќе се подобри доколку ги користат вашите производи/услуги - имајте го тоа на ум бидејќи на клиентите не им е важно колку тоа што го нудите е квалитетно, туку како ќе го промени/подобри нивниот живот.


Ако потенцијалните клиенти ја сфатат промената која вашиот производ/услуга ќе ја направи во нивните животи, иако не сите, ама добар дел од нив ќе преминат од потенцијални, во сигурни клиенти.

ПРЕПОРАКИ

На англиски познати како testimonials, овој тип на видеа е од исклучителна важност за вашиот бизнис. Препораките се всушност видеа во кои вашите веќепостоечки клиенти го споделуваат нивното позитивно искуство кое е резултат на користењето на вашите производи/услуги.


Ако промотивното видео ви помага да ја претставите промената која вашиот производ/услуга може да ја предизвика во животот на потенцијалните клиенти, препораките се видеа со кои на потенцијалните клиенти им ја претставувате промената која вашиот производ/услуга веќе ја предизвикал во животите на другите. Вредноста на препораките е во тоа што некој друг, а не вие, кажува колку е квалитетен вашиот производ/услуга (а во очите на потенцијалните клиенти, неретко тоа има поголема тежина). Препораките му помагаат на вашиот бизнис да се поврзе со потенцијалните клиенти, преку помошта на веќепостоечките клиенти. Првите имаат проблем кој сакаат да го решат, а вториот веќе го решиле со помошта на вашиот бизнис.


Доколку имате потреба од снимање на промотивно, корпоративно видео, или видео препораки, ЛинкАкрос Видео Продукцијата може да ви помогне во тоа. Имаме долгогодишно искуство во соработка со мали и средни бизниси од Македонија и Албанија. Нашето портфолио можете да го видите на: www.videoprodukcija.mk/video


Контактирајте нѐ и ајде да соработуваме!



тагови


11 views
bottom of page