top of page
Writer's pictureLinkAcross Video Production

СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ ДИГИТАЛЕН ФОТОАПАРАТ (ВТОР ДЕЛ)

Кои се нештата на кои треба да обрнете внимание кога купувате дигитален фотоапарат за прв пат? Во минатиот блог пишувавме за основните аспекти кои треба да ги имате на ум при купување на дигитален фотоапарат. Овојпат, продолжуваме со уште неколку карактеристики на дигиталните фотоапарати за кои треба да размислите пред да ја донесете оваа важна одлука.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, video production, video production skopje, video production macedonia


МЕГАПИКСЕЛИ


Многу често, една од првите карактеристики кои производителите ги рекламираат при продажбата на дигиталните камери (истото важи и со производителите на паметни телефони кои имаат добри камери) се бројот на пикселите. Пикселите се всушност еден вид на точки од кои е составена сликата. Ако на пример сензорот на фотоапаратот има 20 мегапиксели, фотографиите кои истиот ќе ги произведува ќе бидат составени од 20 милиони точки.


Иако мегапикселите се важни, сепак не се толку важни како што многумина мислат. Големиот број на мегапиксели се важни особено кога станува збор за печатење фотографии во големи формати. Но, голем број на мегапиксели не значи поквалитетна фотографија по автоматизам. Квалитетот на фотографијата во голема мера завси, не само од бројот туку и од големината на пикселите, а за тоа е важна големината на сензорот (за големината на сензорите пишувавме во минатиот блог).



ВИДЕО СПОСОБНОСТИ


Денешните дигитални фотоапарати имаат способност да снимаат висококвалитетни видеа. Голем дел од квалитетните видеа кои денес се снимаат и се вртат по социјалните мрежи (освен во филмската индустрија) најчесто се снимени со дигитален фотоапарат / камера. Затоа при изборот на дигитален фотоапарат, важно е да размислувате и за видео способностите на истиот.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, video production, video production skopje, video production macedonia

Еве неколку нешта кои се важни во однос на видео способностите на дигиталните фотоапарати:


  • Резолуција - дали сакате вашиот апарат да снима висококвалитетни видеа (Full HD) или со ултра висококвалитетни видеа (4K)? Иако повеќето потенцијални купувачи доколку можат (со право) би се одлучиле за за дигитален фотоапарат кој снима 4К, не заборавајте дека за обработка на 4К видеа, потребен е и добар компјутер со соодветна конфигурација.

  • Стапка на снимање - видеата се составени од голем број на слики кои се прикажани една по друга. Доколку стапката на снимање видеа на дигиталниот фотоапарат е 24 fps (frames per second) тоа значи дека една секунда видео материјал е составен од 24 фотографии кои се прикажани една по друга. Стапката на снимање може да биде и поголема, а за да можете да произведете добри slow motion видеа, потребно е стапката на снимање да биде минимум 60fps.

  • Вид на дисплеј - постојат статични и ротирачки дисплеи. Доколку ви е потребно да снимате влогови, би требало да размислите за дигитален фотоапарат кој има ротирачки дисплеј кој би можеле да го свртите кон себе додека снимате влог. Ако планирате да снимате видеа во кои некој друг ќе биде пред камерата, тогаш и статичниот дисплеј може да ви заврши добра работа.

  • Стабилизација - доколку снимате видеа при кои треба да се движите, или снимате видеа при кои го држите дигиталниот фотоапарат/камера во рака, ова треба да ви биде многу важно. Стабилизацијата значително го намалува тресењето на камерата додека се држи во раце. Иако истото делумно може да се подобри во пост-продукција, би било добро да имате стабилизација и на самиот фотоапарат/камера.



ДВА ВАЖНИ СОВЕТИ


Без разлика кој ќе биде вашиот избор за прв дигитален фотоапарат, има уште две нешта кои треба да ги направите пред да донесете одлука:

  1. Дознајте какво е искуството на други корисници со моделот кој сакате да го купите: на интернет постојат многу веб страни кои продаваат дигитални фотоапарати. Отворете ги, пребарајте го моделот кој сакате да го купите и прочитајте што другите напишале за него. За секој фотоапарат ќе прочитате и позитивни и негативни коментари, но ако повеќето од нив се позитивни, тоа е добар знак.

  2. Пробајте го фотоапаратот: доколку сте во можност, отидете во некоја локална продавница за дигитални фотоапарати, и ако го имаат моделот кој сакате да го купите на лагер, побарајте да го тестирате. Без разлика колку е добар моделот на хартија, еден од начините на кои можете да знаете дали истиот е соодветен за вас е доколку го пробате. Направте неколку фотографии со истиот за да видите дали ви се допаѓа квалитетот на фотографиите, и дали фотоапаратот ви ‘лежи’ во рака.

видео, видео маркетинг, видео продукција, фотоапарат, дигитален фотоапарат, фотографија, фотограф, video, video produkcija, video produkcija skopje, video produkcija makedonija, video production, video production skopje, video production macedonia


ЗА КРАЈ


Пред да ја донесете оваа важна одлука за купување на прв дигитален фотоапарат, би било добро да седнете и да направите истражување за тоа какви способности имаат дигиталните фотоапарати кои би можеле да ги купите со буџетот кој го имате на располагање. Иако дигиталните фотоапарати имаат многу аспекти на кои треба да обрнете внимание, во овој и претходниот блог ги спомнавме најосновните.


Поседувањето на дигитален фотоапарат кој има добри и современи фото и видео способности може да биде голема предност. Но, колку и да звучи клише, не заборавајте дека многу поважно од тоа е вашата способност да бидете креативни и да го истражувате светот на фотографијата.


тагови


51 views

Comments


bottom of page