top of page

ОСВЕТЛУВАЊЕ ОД ТРИ ТОЧКИ - ЕДНА ОД ТАЈНИТЕ НА ДОБРИТЕ ВИДЕА

Како да го снимите вашето видео на квалитетен и креативен начин? Покрај тоа што ви е потребна идеја (за тоа што сакате видеото да покаже, или што сакате да кажете на истото) еден од клучните аспекти на добрите видеа е и осветлувањето.


Во минатиот блог пишувавме за два видови на осветлување кои се ефективни, но и не се скапи. Во овој блог продолжуваме да размислуваме на таа тема и ви нудиме уште еден начин на кој можете да користите осветлување кога снимате видео. Станува збор за т.н. осветлување од три точки - начин на осветлување кој многу често се користи при професионална работа со видео (а и со фотографија).

видео, видео продукција, видео маркетинг, видео реклами, осветлување, снимање видеа, професионални видеа, промотивни видеа, корпоративни видеа, интервјуа


ШТО Е ОСВЕТЛУВАЊЕТО ОД ТРИ ТОЧКИ?


Како што кажува самото име, овој тип на осветлување подразбира осветлување на одреден субјект од три точки/страни. За да го постигнете овој тип на осветлување потребни ви се три извори на светлина. Тоа значи дека во споредба со претходните два типови на осветлување, за овој потребна е поголема финансиска инвестиција.


Но, во зависност од тоа колку сте сериозни за да ја зголемите професионалноста на вашето видео/фотографија, инвестицијата вреди да се направи. Трите извори на светлина при овој тип на осветлување се:

  • Главно светло: како што кажува самото име, главното светло е клучниот извор на светлина во овој тип на осветлување. Ова светло е примарниот и најважен извор на светлина.

  • Светло кое пополнува: ова светло е вториот по важност извор на светлина. Се користи за да се пополнат сенките на лицето кое главното светло ги создава. Целта на ова светло не е целосно да ги тргне сенките од лицето, туку да ги омекне и делумно да ги пополни.

  • Позадинско светло: овој извор на светлина ви помага да го одвоите субјектот од позадината и да даде одредена длабочина на истиот.



ЗОШТО СЕ КОРИСТИ?


Целта на осветлувањето од три точки е да се создаде тридимензионален изглед во самото видео. Со тоа што ќе ги поставите трите извори на светлина на одредена позиција околу вашиот субјект, секој извор на светлина ќе го осветлува субјектот на тој начин што создава слика со подобар изглед на висината, ширината и длабочината на субјектот кој го снимате/фотографирате.

КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ?

Има неколку важни правила кои треба да се запазат за да се постигне посакуваниот ефект со овој тип на осветлување.


Главното светло се поставува прво, и тоа пред субјектот од левата или од десната страна. Неговата позиција најчесто се наоѓа на 45 степени од главната камера и се поставува малку повисоко од висината на субјектот. Многу е важно да внимавате на колкава далечина го поставувате изворот на светлина од субјектот, за да не се случи субјектот да биде премалку, или премногу осветлен - нешто кое тешко се средува во постпродукција.

видео, видео продукција, видео маркетинг, видео реклами, осветлување, снимање видеа, професионални видеа, промотивни видеа, корпоративни видеа, интервјуа
 

Светлото кое пополнува е на некој начин помошно светло и е второ светло кое се поставува по редослед. Се поставува на страната спротивно од главното светло, што значи доколку главното светло ја осветлува десната страна од лицето на личноста која ја снимате, светлото кое пополнува треба да биде од левата страна. Важното кај овој извор на светлина е тоа што не треба да биде толку силен како главното светло. Доколку немате извор на светлина, за оваа намена можете да користите фото рефлектор за светлина.

видео, видео продукција, видео маркетинг, видео реклами, осветлување, снимање видеа, професионални видеа, промотивни видеа, корпоративни видеа, интервјуа
 

Позадинското светло се поставува на спротивна страна на главното и светлото кое пополнува, односно зад субјектот. Кога станува збор за снимање личност, позадинското светло треба да биде насочено кон главата и рамењата на личноста.

видео, видео продукција, видео маркетинг, видео реклами, осветлување, снимање видеа, професионални видеа, промотивни видеа, корпоративни видеа, интервјуа


ЗАКЛУЧОК

Осветлувањето од три точки/страни е еден вид на стандард во професионалното осветлување, како во снимањето видеа, така и во светот на фотографијата. Доколку досега не сте го пробале овој вид на осветлување, можеби сега е време да пробате такво нешто и да ја поттикнете својата креативност.

ЛинкАкрос Видео Продукцијата има свое студио кое располага со професионални светла за видео и фотографија. Доколку сакате да пробате да снимате/фотографирате користејќи осветлување од три точки, контактирајте нѐ за одлична понуда за изнајмување на студиото.



тагови


37 views

コメント


bottom of page